Насловна / Арт и дизајн / Огледало на гламурот на Даблин

Огледало на гламурот на Даблин

ogledalo_na_glamurot.jpgПлоштадот „Grand Canal“ е главен јавен и отворен простор во Даблин, еден од најживите градови во Ирска. Во прашање е важна културна точка, која жителите на Даблин ја нарекуваат „Dublin Docklands Development area“, а се наоѓа веднаш до Главниот канал. Со предниот дел, плоштадот го тангира каналот, а на другата страна е ограничен со новиот театар, дело на архитектот Daniel Libeskind. 

Во рамките на контекстот во кој доминираат објекти со современ архитектонски израз, авторите од студиото „Martha Schwartz Partners“ (MSP) креирале отворен концепт, кој на целата околина и дава поинаков колористички изглед и овозможува подинамично доживување на истата околина и од страна на самите граѓани, и од страна на посетителите. Авторите од „MSP“ за своето дело ја искористиле препознатливата симболика на „црвениот тепих“ како „место на движење на славните имиња од светот на гламурот“, кој во овој случај, води од излезот на новиот театар до каналот и обратно. За таа цел, „MSP“ го поплочиле „црвениот тепих“ со светлоцрвен смолест стаклен материјал, а визуелната слика ја комплетирале со високи црвени блескави коси стапови (sticks) кои го симулираат „ритамот и препознатливиот метеж“ што се случува кога се во прашање славните и црвениот тепих. Со ова парче од стариот гламур, плоштадот со својот нов урбанистички и дизајнерски контекст, овозможува едно разиграно движење во која било насока, а провоцира и други активности кои го збогатуваат овој дел од Даблин. Според „MSP“, на овој начин, плоштадот станува урбан магнет со 24-часовна активност и претставува вистинско огледало на енергијата на Даблин.

ogledalo_na_glamurot_1.jpgogledalo_na_glamurot_2.jpgogledalo_na_glamurot_3.jpg

 

Дејан Буѓевац

 

Испрати коментар

Scroll To Top