Насловна / Вести / Мал ринг

Мал ринг

skopje_plostad.jpgПовторно голема борба
Уставниот суд укина
урбанистички план, објектите
предвидени со него продолжија
да се градат, а јавноста остана
збунета кој е во право, па секој
си тера коментари според своите
афинитети.

Вака накратко може да
се опише се што се случуваше со
Малиот ринг, со строгиот центар
на Скопје во изминативе денови.
Уставните судии, оценувајќи
дека немало основа последната
верзија на деталниот урбанистички
план за овој простор да се
донесе по забрзана, наместо
по редовна постапка, решија
да ја прогласат за незаконска.
Всушност, општинарите само
малку задоцниле. Можноста за
усвојување планови по скратени
процедури била укината на 31
декември лани, а тие нивниот план
го донеле на 21 јануари годинава.
Со укинувањето престанаа да
важат градежните маркички што
предвидуваат Триумфална порта,
споменици на мостот "Око",
катни гаражи, меѓу кои и таа во
барокен стил, новопланираните
фасади, ѕидот од столбови,
како и зградата на Агенцијата
за електронски комуникации.
Престануваат да важат? Нивните
градители, сепак, не се согласуваат
со тоа. Така, тие веднаш дадоа
објаснување дека додека планот
бил важечки, односно пред
одлуката на Уставниот суд, биле
обезбедени законски градежни
дозволи. Па така, бидејќи ниту
една одлука според нашиот Устав
не може да важи ретроактивно, односно за минатото време, тоа
значи дека не може да се поништат
ниту овие одобренија за градба.
Ова образложение веќе беше
искористено од Министерството за
култура, институцијата што ја гради
Портата и само што почна да ги копа
темелите, ќе требаше да престане
да гради. Од општината Центар
засега не коментираат ништо. Не
откриваат ниту колку дозволи се
издадени. Не најавуваат ниту што
ќе преземат по одлуката на Судот,
само рекоа дека ќе ја почитуваат. Но
едно е јасно. Тие можат без никакви
пречки да почнат и да истераат
една сосема легална процедура
со која повторно би го усвоиле
истиот детален урбанистички план,
без ништо во него да се помрдне
ниту за еден сантиметар, и потоа
ниту Уставниот суд, ниту кој било
друг би имал основа да ја оспори
изградбата на кој било објект што
е дел од оспоруваниот владин
проект "Скопје 2014". Од општината
одговорија дека се опстојува на овој
проект, бидејќи голем број други
градби предвидени со него се дел
од претходните, законски верзии на
урбанистичкиот план, како театарот,
спомен-обележјата, зградата на
Уставниот суд, Министерството за
надворешни работи и музејот.
Се одѕваа и најгласните активисти
против новозамислениот изглед
на градскиот центар, здружението
"Плоштад Слобода", кои истакнаа
дека одлуката на Уставниот
суд оди во прилог на нивната
борба да докажат дека проектот
"Скопје 2014" е незаконски и
дека се подготвува тајно, зад
грбот на граѓаните. Според нив,
при повторното одлучување за
центарот треба да се отворат
широки јавни дебати и да се
распишат меѓународни конкурси.

skopje_plostad_2.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top