Насловна / Арт и дизајн / И после осум месеци делата од „Донирај уметност“ не се предадени на Атина

И после осум месеци делата од „Донирај уметност“ не се предадени на Атина

„Донирај уметност“ беше иницијатива која минатото лето на Фејсбук ја почна графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула во знак на солидарност со трагедијата предизвикана од пожарите во Атина. Во иницијативата се вклучија голем број уметници од Македонија. Собрана беше колекција на уметнички дела како поддршка и солидарност за Атина.

умет
Меѓу делата има графики, масла на платна, акварели, неколку скулптури, цртежи, фотографии. Македонските уметници донираа околу 70 свои уметнички дела, кои во знак на солидарност ќе бидат испратени во Атина. Градот Скопје официјално потврди дека ќе ги сноси сите трошоци околу испраќањето на уметничките дела во Атина.

ум1
Но и после 8 месеци уметничките дела сеуште не се предадени, поради тоа Зоран Кардула вчера објави: „После катастрофалниот пожар кој ја зафати околината на Атина и во кој животот го изгубија повеќе од 100 лица во знак на солидарност дојдов до идејата да ја организирам Донирај уметност.
Самата иницијатива наиде на голем интерес. За месец дена беа донирани 73 дела од исто толку уметници. Донираните дела требаше да се предадат на градот Атина како знак на сочувство и солидарност од градот Скопје. Во таа насока се обратив до Град Скопје од каде добив поддршка во смисла на организирање и предавање на делата.
На 3ти септември делата беа изложени во КИЦ. На 10 септември град Скопје ги подигна делата од Музеј и ми го побараа списокот на сите дела и имињата на уметниците кои донираа за спремање на документацијата за Грција.Од тогаш до ден денешен делата не се предадени. Неколку пати се обидов да добијам информација за текот на настаните но одговор не добив.
Вчера еден од уметниците кој учествуваше со свое дело во акцијата ме иформира дека едно дело кое беше донирано го видела во депото на Музеј на Град Скопје. Крајно разочарувачки однос кон самата инцијатива и кон сите уметници. Доколку од било која причина не можеле да го реализира градот она што го ветила ќе беше чесно да ме информира и да ги организирам уметниците да си ги подигнат своите дела. Се прашувам дали и воопшто некој знае што се случува со нив. Бидејќи моите обиди да добијам информација од прва рака се безуспешни морам вака јавно да побарам одговор“.

ум2

ум4

Испрати коментар

Scroll To Top