Насловна / Вести / И Хрватска ќе прави национална стратегија за водород 2021-2050

И Хрватска ќе прави национална стратегија за водород 2021-2050

Владата на Хрватска неодамна го задолжила Министерството за стопанство и одржлив развој, да ја изработи Хрватската стратегија за водород за периодот од 2021 до 2050 година. Стратегијата ќе ја пропише националната визија за развој, истражувања, производство, инсфраструктура и користење на водород, како и водородната економија, водејќи сметка за постигнување на целите за климатска неутралност од Европскиот зелен план до 2050, како и националните цели поврзани со развојот за инфраструктурата за алтернативни горива.

vodik1

Целта на стратегијата е декарбонизација на производството на водород, како и употребата на водородот за замена на фосилните горива. Европа минатат година ја донесе својата стратегија за водород, а во првата фаза таа предвидува до 2024 година инсталирање на 6 GW електролизатори за производство на милион тони водород од обновливи извори. Тоа е многу амбициозна цел, бидејќи досега во ЕУ има околу 1GW вакви електролизатори. Во втората фаза, во план е инсталирање на 40 GW електролизатори и производство на 10 милиони тони зелен водород. Водородот како гориво може да се користи во сообраќајот со камиони, железничкиот и поморскиот сообраќај.

vodik2

Најценетиот стручњак за водородна енергетика во Хрватска, проф. д-р Франо Барбир од Факултетот за електротехника, машинство и бродоградба во Сплит, вели: „Ова е навистина добра вест, бидејќи ние научниците и стручњаците во оваа област во Хрватска, кои инициравме изработка на ваква стратегија, не очекувавме дека ова брзо ќе се случи. Европските цели се многу амбициозни и тешко достижни, а Хрватска најверојатно нема да се вклучи во сопствено производство на електролизатори. Ние мора да водиме сметка за сопствените специфичности, при што би сакал да ја истакнам традицијата во бродоградбата, која може да го носи производството на бродови на батерии и/или комбинација на батерии и водородни горивни ќелии. “

Министерот е должен во рок од 15 дена да именува стручна екипа за изработка на предлог на стратегијата, а потоа во рок од 90 дена треба да се изработи комуникациска стратегија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top