Насловна / Вести / Белград: Паметни клупи кои мерат температура и бучава

Белград: Паметни клупи кои мерат температура и бучава

Од инкубаторите на техничките факултети веќе израснаа успешни компании. Една од нив е Strawberry Energy, чија главна канцеларија е во Лондон, а главната оперативна и техничко-производна единица е лоцирана во Белград. Оттука и паментините клупи кои се неодамна поставени во Белград и имаат три главни функции. Може да послужат за полнење на мобилните телефони, а опремени се со сензори за мерење на температурата на воздухот и бучавата. Од компанијата велат дека планираат оваа паметна екологија да ја прошират ширум Србија, со цел подобрување на јавните простори.

На почетокот на ова решение работеле осум студенти, а сега на производството работат 20 луѓе. Своите идеи и натаму ги креираат онаму каде што започнале, односно во Научно – технолошкиот парк во Белград. Слични клупи се поставени во 25 земји. Но, студентите најавуваат уште иновации. Наскоро во Белград ќе се појави и паментна говорница.

strawberry1

strawberry2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top