Насловна / Арт и дизајн / Хуманата мисија на Мајка Тереза низ фотографии

Хуманата мисија на Мајка Тереза низ фотографии

tereza OK
„Мајка Тереза – вечниот ангел на милосрдието“ е насловот на изложбата на фотографии од Мајка Тереза која ќе биде отворена во понеделник, 16 декември, во 12.30 часот во ЛУ Градски музеј Крива Паланка.Станува збор за ретроспективна изложба која раскажува за хуманата мисија на Мајка Тереза низ целиот нејзин живот.

Мајка Тереза е родена во Скопје под името Агнеза Гонџа Бојаџиу. На возраст од 12 години таа се одлучила да живее како калуѓерка. Во 1928 година заминува од родниот град и преку Даблин оди вo Бенгал и Калкута во Индија. По само два месеца таа се приклучува кон редот Лоретски сестри. Подоцна таа го основа редот Мисионери на милосрдието и се посветува на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979 година ја добива и престижната Нобеловата награда за мир.

Испрати коментар

Scroll To Top