Во склоп на проект за прекугранична соработка, финансиран од ЕУ, поставени се фотоволтаични електрани на вкупно 30 јавни објекти во Суботица, Србија, како и во три помали општини во Хрватска. Освен тоа, изградени се и паметни автобуски постојки и унапредено е јавното осветлување.

Инвестициите се реализрани преку проектот „Енергетски ефикасни заедници“ – ENGAGE, вреден над 2 милиони евра. Проектот е финансиран со поддршка на ЕУ, а стручна поддршка обезбедена е од страна на Националната алијанса за локален економски развој (NALED) од Србија. Со овој проект, локалните самоуправи од Србија и Хрватска, покажале како прекуграничната соработка може да донесе конкретни и мерливи бенефити. Вкупниот капацитет на фотоволтаични електрани во склоп на проектот изнесува околу 0,8 MW, од кои околу 0,5 MW во Суботица, и околу 0,3 MW во хрватските општини. Град Суботица најавува и формирање на заедница за обновлива енергија, со што се отвора простор за граѓаните, институциите и локалните претпријатија заеднички да произведуваат и користат енергија од обновливи извори.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија