Ирскиот архитект Ниал Мек Лахлин го доби Кралскиот златен медал за 2026 година од Кралскиот институт на британски архитекти (РИБА). Овој медал е признание за неговото големо влијание врз професијата, како и за создавањето архитектура што има смисла.
Во интервју за Dezeen, Ниал Мек Лахлин рече дека фокусот на создавање значајна архитектура ги обединил сите негови проекти.

„Мислам дека луѓето сакаат зградите да имаат смисол. Знам дека звучи банално, но вистината е дека луѓето сакаат да почувствуваат дека зградата е нешто што им помага да пренесат значење еден на друг“, изјави архитектот за Dezeen.


библиотеката на Модлин Колеџот во Кембриџ
Опишан од РИБА како „клучна фигура во современата архитектура“, Мек Лахлин проектирал бројни згради во текот на својата 35-годишна кариера. Неговите проекти ја вклучуваат библиотеката во колеџот Магдален, Кембриџ за која пишувавме, а која ја освои наградата Стирлинг за 2022 година.
Други значајни проекти на неговото биро „Ниал Мек Лахлин Архитекти“, ја вклучуваат капелата Епископ Едвард Кингс во Оксфорд, Darbyshire Place во Лондон и Центарот „Султан Назрин Шах“ во Оксфорд. И двата проекта беа номинирани за наградата Стирлинг во 2013, 2015 и 2018 година.

капелата Епископ Едвард Кингс во Оксфорд
За Ниал Мек Лахлин, кој студирал архитектура во Даблин и основал своја канцеларија во Лондон во 1990 година, емпатијата – емоцијата и вештината што, според него, го дефинираат потеклото на архитектурата – се од централно значење за неговата работа. Неговиот пристап се базира на внимателно слушање и истражување. Ова му овозможува да создавање „свет“ од моменти за поединецот, одразувајќи хуманост својствена за заедницата.

Центарот „Султан Назрин Шах“ во Оксфорд
„Емпатијата е клучна за нашата дисциплина. Треба да имате самодоверба да го замислите светот за другите, а во исто време и одредена доза на понизност“, вели архитектот.
Додека работел на Центарот за одмор за лица со Алцхајмерова болест во Даблин (2011), Мек Лахлин поминал десет години обидувајќи се да ги разбере искуствата на луѓето што живеат со деменција.

Центар за одмор за лица со Алцхајмерова болест во Даблин
„Процесот на проектирање е вид меѓусебно учење помеѓу клиентите и архитектите. Најдобрата задача што некогаш ја добив беше од раководителот на Друштвото за Алцхајмерова болест, кој рече: ‘Ние ќе ве научиме за деменција, а вие нас за архитектура“, забележал архитектот во едно интервју.

Jesus College
„Другите луѓе можеби светот го перцепираат поинаку од мене, но ова може да се тестира во процесот на пректирање. Ние архитектите мора да земеме предвид многу широк и разновиден спектар на желби, потреби, аспирации и проблеми и да создадеме нешто кохерентно од лавиринтот на информации што се појавуваат за време на кој било проект“, вели Мек Лахлин.
Иако Мек Лахлин ги проектира своите згради така да хармонично се вклопуваат во нивната околина, тоа не значи дека ги смета за здодевни или подредени на постојната архитектура. „Се обидуваме да покажеме дека можеме да направиме нешто доста смело и необично, а и понатаму да се чувствуваме удобно во дадената ситуација“, вели архитектот. „Поентата е во дијалогот со историјата. Тоа не е дијалог на покорност. Тоа е разговор со врсници“, заклучува.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија