Насловна / Вести / Христина Ивановска, Јане Чаловски и Сашо Станојковиќ изложуваат во Кина

Христина Ивановска, Јане Чаловски и Сашо Станојковиќ изложуваат во Кина

Групната изложба насловена „Симптоми на општеството“, курирана од познатата словенечка теоретичарка и кураторка Аленка Грегориќ, беше отворена на 27 мај, во Музејот на современа уметност „Гуангдонг“ во Кина, информира окно.мк.

Фокусот на изложбата, што трае до 8 јули, е да се претстават дела од различни генерации, земји и медиуми од регионот. Во текот на подготовката на изложбата биле развиени поголем број теми кои се однесуваат на актуелните прашања на современото општество – градот и урбаниот развој, националната уметничка историја, системите и историјата на „заедничка“ уметност, териториите, итн.visit

Изборот на делата има цел да ѝ ја претстави на кинеската публика сеопфатната слика на регионот. Заедно со делата на меѓународно реномирани уметници, претставени се и дела на млади уметници.

Современата македонска уметност на оваа изложба е претставена преку делата на уметниците Христина Ивановска, Јане Чаловски и Сашо Станојковиќ.

На изложбата се прикажани делата и од уметниците: Марина Абрамовиќ и Улај, Маја Бајевиќ, Лучезар Бојаџиев, Јасмина Цибиќ, Немања Цвијановиќ, Лана Чмајчанин, Брацо Димитријевиќ, Вадим Фишкин, Томислав Готовац, Јон Григореску, Флака Халити, Ибро Хасановиќ, Ирвин, Правдољуб Иванов, Санела Јахиќ, Далибор Мартинис, Раденко Милак и Роман Урањек, Иван Мудов, Албан Муја, Владимир Николиќ, Адријан Паци, Неша Париповиќ, Лиа Перјовши, Дан Перјовши, Анри Сала, Младен Стилиновиќ, Миха Штрукељ, Раша Теодосијевиќ, Милица Томиќ, Сислеј Џафа и Катарина Здјелар.

Испрати коментар

Scroll To Top