Насловна / Вести / „Понекогаш Тие“ на Гордана Хаџи­Николова Малешев во Музеј на град Скопје

„Понекогаш Тие“ на Гордана Хаџи­Николова Малешев во Музеј на град Скопје

Денес (30 јуни) во 19 часот, во Салон 1 во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „Понекогаш Тие“ на гевгелиската уметница Гордана Хаџи­Николова Малешев.

На изложбата ќе бидат претставени 14 скулптури од дрво ­ ликови преку кои авторката ги материјализира своите интимни духовни содржини, кои одвреме навреме мора да добијат форма и да го покажат своето постоење.Capture

Гордана Хаџи-Николова Малешев (1976) е виш конзерватор во НУ Музеј Гевгелија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде подоцна и магистрира.

Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на друштвата на ликовни уметници на Гевгелија и на Битола. Учествувала на многу меѓународни симпозиуми и ликовни колонии во земјава и странство. Имала изложби во Софија, Москва, Париз, Берлин.

Изложбата ќе трае до 7 јуни.

Испрати коментар

Scroll To Top