Насловна / Вести / Хотел, деловен простор и шпански скали на градскиот плоштад

Хотел, деловен простор и шпански скали на градскиот плоштад

hotel so spanski skali

Уште еден  хотел ќе се гради на градскиот плоштад во Скопје. Инвеститор е албанската компанија „Амадеус Девелопмент“, којашто го купи земјиштето во октомври 2013 година за околу 1.500.000 евра, односно атрактивната градежна парцела од 1.046 метри квадратни беше отуѓена од Министерството за транспорт и врски по цена од 93.100 денари за метар квадратен.

Градот го ослободи инвеститорот од 50 проценти од надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на „Две комерцијални и деловни намени со хотел според ДУП Мал ринг“.

hotel so spanski skali (2)

Објектот со деловни и комерцијални намени ќе има приземје и три ката, вклучувајќи ја и можноста за изведба на т.н. „шпански скали“.

Хотелот во „неокласичен“ стил ќе биде изграден на местото каде што првично требаше да биде изградена црквата „Св. Константин и Елена“.

Еден коментар

  1. Totalna perverzija od bolni umovi.

Испрати коментар

Scroll To Top