Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Хибридна подземна железница во Филаделфија

Хибридна подземна железница во Филаделфија

original
Концептот на регенеративно кочење, кој овозможува  кинетичката енергија добиена при кочењето да се  претвори во друг вид на енергија која може веднаш да се користи или да се складира, е  само еден дел од новата хибридна подземна железница која е во план да се воведе во Филаделфија, САД.

Новиот хибриден енергетски систем е комбинација од регенеративно кочење, супер кондензатори и нови литиум јонски батерии. Тој ќе има за цел инстантно да ги снабдува возовите со електрична енергија, како и останатиот дел од Филаделфија. Во овој случај, механизмот на регенеративно кочење е сличен како кај Toyota Prius каде што создадената енергија при кочењето на подземната железница би се складирала за понатамошна употреба. Складираната енергија нема да се користи само за сопствена употреба на возовите, туку ќе се праќа до огромен централизиран систем од литиум јонски батерии.

Испрати коментар

Scroll To Top