
Италијанската биохемиска компанија „Новамонт“ отвори прва фабрика во светот за производство на хемиски компоненти за изработка на пластика од обновливи суровини, односно од шеќерот од отпадната биомаса на пченката. Компанијата „Новамонт“ соопшти дека инвестирала 100 милиони евра во напуштена фабрика кај градот Ровига, за индустриско производство на био-бутанедиол од пченкарен отпад.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија