Насловна / Архитектура / Гумени облоги и архитектонски таписерии за фасади

Гумени облоги и архитектонски таписерии за фасади

01-a1050d4b81da0056
Материјалите како што се гумените облоги и архитектонски таписерии создаваат нови можности во дизајнот на обвивката на објектите. Иако овие материјали се широко познати како камионски церади или водоотпорни ранци, или често може да се видат кај спортските објекти, нивната примена како фасадни облоги отпорни на надворешните влијанија е нешто сосема ново. Компанијата  Gasser Fassadentechnik од Сент Гален, Швајцарија, сега нуди гумени облоги и архитектонски таписерии како одржливи фасадни материјали.

ЕПДМ гумата (етилен пропилен диен мономер) е исклучително сестран и флексибилен материјал. Не само што е отпорен на атмосферски влијанија и погоден за заптивање, тој останува неоштетен со децении, со долготрајна отпорност на UV зраци и отпорност на пожар B1, односно се работи за тешко запалив материјал. Материјалот е исто така  погоден за рециклирање.
Teppichfassade

Испрати коментар

Scroll To Top