Насловна / Вести / Грешки кои скапо ќе ги чинат соседните држави

Грешки кои скапо ќе ги чинат соседните држави

tunel-brdjani

Во Србија веќе со недели траат дебати за грешките на тунелите на новата делница на Коридорот 11. Станува збор за тунелите Брѓани и Шарани, на делницата Љиг-Прељина. Тунелите се пониски за 30 сантиметри и низ нив не можат да поминат шлепери, освен ако не се минува низ средината на тунелите. Сега вината за ова си ја префрлаат меѓу себе инвеститорите, изведувачите и проектантите. Евентуалната санација би ја чинела Србија околу четири милиони евра.

most-trogir-ciovo

И додека во Србија се занимаваат со тунели, во Хрватска медиумите открија огромен инфраструктурен пропуст. Според „Јутарњи лист“, дел од новиот мост кој ги поврзува Трогир и Чиово, чија изградба е во тек, речиси два метра е понизок во однос на нивото на морето. Тоа го откриле претставници на Министерството за регионален развој и фондови на Европската Унија, при неодамнешната посета на градилиштето на мостот.

most-trogir-ciovo-sema

Овој пропуст може да доведе до оштетување на конструкцијата на мостот на дел од столбовите во време на плима и бранови, при што ќе настрадаат челичните лежишта. И овде вината се префрла меѓу изведувачите и проектантите. Поправката на пропустите би ја зголемиле вредноста на изградбата на мостот за неколку милиони куни.

Испрати коментар

Scroll To Top