Насловна / Вести / Греење на пелети – една од подобрите опции за греење

Греење на пелети – една од подобрите опции за греење

kotel-za-peleti1

Со почетокот на секоја грејна сезона започнува истата мака за граѓаните, посебно за скопјани – загадувањето на воздухот. Истите дебати и полемики – дали е виновник сообраќајот, греењето од топланите (рака на срце сите топлани во градот користат природен гас), индивидуалните печки во домаќинствата и сл. Сепак, последнава категорија се чини помалку запоставена, но имајќи предвид дека се работи за огромен број домаќинства кои не се приклучени на централно греење (околу 90% од вкупниот број) а градот не е гасифициран, извесно е дека во голема мера се употребуваат цврсти горива често и со сомнителен квалитет. Токму тие се огромни загадувачи и сериозен извор на PM честичките. Се разбира, за емисија на PM виновни се и постарите дизел возила, но тоа е веќе друга тема.

kotel-peleti-sema

Во настојување да промовираат поодржливи практики за греење кај индивидуалните домаќинства, градот Скопје излезе оваа есен со програма за доделување субвенции за купување печки на пелети, како одржлив концепт на греење од биомаса. Постапката е секако за поздравување, иако придонесот е повеќе од симболичен и скромен имајќи го предвид бројот на субвенции, наспроти реалната ситуација и потреба.

Иако првичниот мотив за инсталирање на ваква печка за градските власти е намалување на загадувањето на воздухот, за најголем дел од граѓаните сепак економскиот мотив е примарен. Колку ќе заштедат? Колкави ќе бидат нивните трошоци за греење ако се одлучат за пелети?  Одговор побаравме од  Даниел Нешовски, застапник на брендот Kostrzewa,  производител на котли со пелети од највисока 5 и А+ класа, според насоките за еколошки дизајн на ЕУ 2020, со запазено ниво на емисии на PM2.5, PM10 и CO2.

kotel-za-peleti

„Неспорно е дека се работи за греење со пелети кое е многу поразлично од класичното дрво за огрев, иако во суштина се работи за ист вид гориво – биомаса. Цената на чинење на еден тон пелети е околу 200 евра, а за една куќа од 100 метри квадратни потребни се 2,5-5 т. Ваквата варијабилност во потрошувачката исклучиво зависи од ефикасноста на котелот. Рационалната потрошувачка на гориво за иста количина на топлинска енергија се должи на високата ефикасност на овие постројки за пелети, повисока од која било друга печка на цврсто гориво. Затоа, особено е важно да се избере квалитетна опрема со висока ефикасност, затоа што тоа значи помала потрошувачка на гориво и помалку трошоци за греење. Затоа при изборот на печка, граѓаните не треба да ја земаат предвид само цената на инвестицијата, односно опремата што ја купуваат денес, туку и вредноста на трошоците за гориво во сите години на експлоатација“, подвлече Нешовски.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top