Насловна / Архитектура / Green Spine – новата знаменитост на Мелбурн

Green Spine – новата знаменитост на Мелбурн

UNStudio е победник на конкурсот Melbourne’s landmark Southbank Precinct.  Во исклучително јака конкуренција, во која се најдоа светски познатите имиња BIG, OMA, MAD и други, визијата на  UNStudio вклучува чифт извртени кули под името Green Spine.    Вредноста на проектот изнесува 2 милијарди долари, и се работи за најголем еднофазен проект во историјата на Викторија во Австралија.  Green Spine е проектиран како најсовремен објект за мешовита намена кој е фокусиран на иновациите во архитектурата и дизајнот.

Green Spine зазема  6.000m²  од BMW Southbank просторот.  Проектот ќе содржи микс од малопродажни, хотелски, резиденцијални, комерцијални, културни и јавни содржини. Резиденцијалната кула е висока 356 метри и „крунисана“ со јавно достапна фтуристичка ботаничка градина, додека хотелот и деловната кула достигнуваат 252 метри.

Според оценката на стручњаците, проектот добро ги анализирал и вклопил јавниот и приватниот простор.

UNStudio2

UNStudio3

UNStudio5

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top