Насловна / Вести / Грција со нов план за енергетска ефикасност против економската криза

Грција со нов план за енергетска ефикасност против економската криза

Откако во 2009 година Грција западна во економска криза беа предложени огромен број решенија за подобрување на ситуацијата. Последниот предлог план на Владата на Грција е поставување на соларни панели низ целата земја со што ќе се намали трошокот за потрошена енергија, а тоа истовремено ќе допринесе за подобрување на економската ситуација во Грција. Првата локација на која се планира да се постават соларни панели е островот Родос, а за реализација на планот потребни се околу 1 милион долари. Според извршено истражување, вкупно шест од 10 домови во Грција имаат проблем при плаќање на сметките за електрична енергија, а со ваквиот проект се очекува воспоставување на енергетска независност и подобрување на ситуацијата.

slika9 slika10

Испрати коментар

Scroll To Top