Насловна / Вести / „Гранит“ ќе го гради автопатот Бања Лука – Прњавор

„Гранит“ ќе го гради автопатот Бања Лука – Прњавор

 

Granit mehanizacija
Директорот на Јавното претпријатие „Автопати на Република Српска“, Душан Топиќ, изјави дека изградбата на автопатот Бања Лука – Добој, на делницата Бања Лука –  Прњавор во д0лжина од 36 километри, би требало да почне во првите денови од септември.

Тендерската процедура за изградба на главниот проект и за изведување на работите беше спроведена во 2013 година. Најдобра беше оценета понудата на конзорциумот „Интеграл инженеринг “ и „Гранит“ во износ од 158 милиони евра.

Тој нагласи дека во изминатите месеци се направени сите неопходни процедури за ратификација на Меѓународниот договор за кредитирање со Европската инвестициона банка(ЕИБ), која ја финансира изградбата на оваа сообраќајница.

„Во меѓувреме ЕИБ им го уплати авансот на изведувачите на работите, конзорциумот составен од „Интеграл Инѓенеринг“ од Лакташ и и македонски „Гранит“, така што веќе нема никакви пречки за почеток на работите“ рече Топиќ.

Со истиот конзорциум во август 2012 година беше потпишан договор за изградба на автопатот Бања Лука – Добој, делот Добој – Прњавор, во вредност од 180 милиони евра.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top