Насловна / Вести / Grand Prix на 36. Салон за архитектура за детска установа во Белград

Grand Prix на 36. Салон за архитектура за детска установа во Белград

36 salon za arhitektura belgrad
Архитектите Милан Ѓуриќ, Александар Вуја и Милка Гњато се добитници на Grand Prix на 36. Салон за архитектурата во Србија. Нивниот објект – комбинирана и отворена детска установа „Тесла – наука на животот“ кој се наоѓа во дел од Блок 67 на Нов Белград ја доби овогодинешната голема награда. Исто така, годинава оваа значајна архитектонска манифестација одбележува и 40 години од своето постоење, која е основана во 1974 година. Победничкото дело, жирито во своето образложение го оцени со зборовите: „Авторите експериментираат и со контекстот и со локацијата – соочувуваат две новобелградски матрици, при што вешто ја користат постапката објект кој варира, а контекстот го следи, со што се дошло до решение кое произлегува од самиот град“.

На конкурсот биле поднесени 264 дела. За изложување во Салонот биле избрани 114 дела, од кои во конкуренција за награди се нашле 74 проекти.

Испрати коментар

Scroll To Top