Насловна / Вести / Градови кои секој вљубеник во книжевноста треба да ги посети

Градови кои секој вљубеник во книжевноста треба да ги посети

Убавината на градовите се рефлектира низ богатството на култура и историја. Архитектурата, уметничките дела, спомениците, се она што ги привлекува туристите. Но, постојат туристи кои се големи вљубеници во книжевноста и кои особено се восхитуваат на убавината на библиотеките, книгите, како и познатите локали омилемни на легендарните писатели. Таквите луѓе патуваат во градовите кои имаат величенствени зданија во кои со векови се чуваат книги, и сакаат да се прошетаат низ улиците каде минувале познатите писатели. Во продолжение Ви претставуваме некои од тие градови, лулки на книжевноста.

Санкт Петерсбург

Овој руски град бил дом на многу писатели како Мигаил Лермонтов, Лав Толстој, Владимир Набоков.  Неговата историја и убавина, била инспирација на многу писатели кои овде го сместиле дејствието на нивните ремек дела. Овде можат да се видат местата кои се опишани во познатиот роман „Злосторство и казна“ на Достоевски, вклучувајќи го и местото каде Раскољников ковал план за убиството. Санкт Петерсбург се сметал за културен центар на царска Русија, па до денес останал незаобиколна дестинација за сите љубители на книжевноста и уметноста.

petersburg

nabokov

raskolnikov

Единбург

Главниот град на Шкотска има долга и богата книжевна традиција, а во него живееле писателите како Роберт, Ирвин Велш и Мјуриел Спарк. Единбург има голема концентрација на библиотеки, една од најголемите на светот, при што на 100.000 жители има над 60 библиотеки. Покрај грандиозните библиотеки, многумина доажаат во Еднинбург и поради кафулето „Слон“. Кафулето станува популарно откако Џ. К. Роулинг ги напишала своите книги за Хари Потер.

elephant

J-K-Rowling

Лондон

Лондон секако бил дом на многу писатели, а им послужил како инспирација за многу дела со различни жанрови. Една од главните знаменитости кои треба да се посетат е бездруго реконструираниот Шекспиров театар „Глоуб“.

globe1

Shakespeare-Globe-Theatre1

Буенос Аирес

Иако Буенос Аирес веројатно нема да биде еден од првите избори кога станува збор за книжевни дестинации, овој аргентински град мора да се најде на листата барем поради една причина: престолнината на Аргентина има повеќе книжарници по глава на жител од било кој друг град на светот. Затоа често го нарекуваат „светски главен град на книгата“. Овде се одржува и многу престижен годишен Саем на книги кој привлекува познати светски писатели.

buenos aires1

buenos aires2

Њујорк

Во текот на историјата, Њујорк има инспирирано огромен број литературни дела. Бил дом на исклучителни писатели – Артур Милер, Тенеси Вилијамс, Џек Керуак, Ален Гинзберг,…

Самиот град послежил како инспирација за бројни дела, меѓу кои: „Американски психо“, Ловец во ‘ржта“, “Појадок кај Тифани“, и други. Освен што може да се посетат местата кои биле инспирација за овие дела, незаобиколни се многубројните независни книжарници во Њујорк.

New York

kerouack house1

tifany's

Даблин

Даблин е уште еден град во кој живееле некои од најголемите писатели во светот. Посебна атракција е библиотеката „Тринити колеџ“ од 18-ти век, која изгледа како место од бајките. Овде е изложена познатата Тhe Book of Kells, односно илустриран ракопис на Новиот Завет на латински јазик.

trinity1

book-of-kells2

Бат

Една од главните причини за посета на шармантното градче Бат во Англија, покрај познатите римски бањи, е и фактот дека тука живеела Џејн Остин. Интересен за посета е Центарот „Џејн Остин“ каде може да се запознае животот и делото на писателката, но и животот во Англија во 19-тиот век. Секој септември градот е домаќин н афестивал кој го носи името на писателката.

Jane-Austen-Museum-Bath

jane austeen fest

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top