Насловна / Вести / Градот со сопствени средства ќе гради нов Луна парк

Градот со сопствени средства ќе гради нов Луна парк

luna park

Градот се откажува од јавно-приватно партнерство за изградба на нов Луна парк, но, не и од намерата скопјани сепак да добијат современ забавен парк.
По поништување на третиот тендер за избор на концесионер, кој би го осовременил Луна паркот, а за возврат да управува со него 30 години, градоначалникот Коце Трајановски, денеска и официјално изјави дека паркот ќе го гради Градот, со сопствени средства.
„Ако правиме Панорамско тркало, не значи дека нема да правиме Луна Парк. Проектот за паркот беше направен врз основа на студија, но не најдовме приватен инвеститор. Тие сметааат дека нема да биде профитабилно, затоа не инвестираат. Кога се правеше програмата за Луна паркот, беше посочено дека проектот е на граница на рентабилност. Од следната година во буџетот ќе се предвиди реализација на овој проект, а ќе побараме помош и од Владата. Според студијата, обновата на Луна паркот чини околу седум милони евра. Но тој ќе се гради етапно, година по година“, истакна Трајановски.r4u9VDQ
Пред почетокот на денешната седница, опозицијата го обвини Трајановски за зголемување на трошоците за изградба на Панорамското тркало, за три и пол милиони евра, со што вредноста на проектот од 12 милиони евра се зголемува на 15,5 милиони евра.
Трајановски објасни дека не се работи за пари од градскиот буџет, туку за средства од Владата.
На тендерот за изградба на Панорамското тркало се јавила само скопската градежна фирма „Бетон“, која бара 15,5 милиони евра за својата услуга. Оттаму во инвестиционата програма на Јавното сообраќајно претпријатие кое ќе го гради тркалото, се посочени дополнителни 3,5 милиони евра за реализација на проектот.
Доколку денеска програмата на ЈСП добие зелено светло од советниците, следниве неколку денови треба и официјално да се потпише договорот со „Бетон“ кој во следниве четири години треба да ја изгради новата забавна атракција во метрополата.

Испрати коментар

Scroll To Top