
Следната година во Дубаи почнува изградбата на новиот, футуристички проект наречен „Градот на Аладин“.
Проектот е инспириран од приказните за Аладин и за Синдбад.

„Планираме да почнеме со градба в година. Имаме сопствени фондови за финансирање на проектот“, изјави генералниот директор на проектот Хусаин Насер Лотах.
Овој проект е најавен за април 2014 година, кога беше соопштено дека ќе има три кули, комерцијални и хотелски простори. Ќе се простира на 450 метри од копно, а вкупната цена на градбата сè уште не е позната.

„Целта на проектот е новите кули да бидат икони на минатото со доза на убавина и туристичка привлечност. Лоциран е надвор од зоната, која би требало да биде регистрирна како заштитено пордајче“, објасни Лотах.

Ќе има и климатизирани мостови со подвижни катови кои ги поврзуваат кулите, приодите и паркиралиштата. Освен тоа, обликот на мостот ќе го имитира егзотичниот живот на морските суштества, како змии и змаеви.

Кулите ќе се простираат на 110 илјади квадратни метри, а највисоката ќе има 34 ката. Другите ќе имаат по 26 и 25 ката. Паркингот ќе може да прими 900 автомобили.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија