Насловна / Вести / Градоначалниците од 20 европски метрополи за поригорозни мерки кон дизел возилата

Градоначалниците од 20 европски метрополи за поригорозни мерки кон дизел возилата

Testiranje na vozila

Градоначалниците на 20 европски метрополи, меѓу кои се Париз, Мадрид и Атина, во отворено писмо ја нападнаа политиката на Европската Унија заради тоа што дозволила законодавна дупка која им овозможува  на дизел возилата да емитуваат повисоки нивоа на штетни гасови од дозволените. Членовите на Европскиот парламент во февруари не ставија вето на законот со кој се „разводнети“ тестирањата на новите дизел мотори во реални услови.

Karikatura za dizel vozila zagaduvaci

Градоначалниците истакнуваат: „Како можеме да го заштитиме здравјето на нашите сограѓани, кога Европската унија го озаконува загадувањето на воздухот, на товар на јавното здравство? Што да им кажеме на родителите на децата кои патат од акутни респираторни пореметувања? Треба ли да им кажеме дека на нивната влада им е поголем приоритет „здравјето“ на звтомобилската индустрија отколку нивното здравје?„ се прашуваат градоначалниците во писмото објавено во францускиот „Le Monde“.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top