Насловна / Екологија / Градоначалничката на Париз сака да ги забрани дизел возилата во градот до 2020

Градоначалничката на Париз сака да ги забрани дизел возилата во градот до 2020

anne-hidalgo-elections-municipales-paris-scooter-libre-service
Градоначалничката на Париз планира до 202о година да им каже збогум на дизел автомобилите и да воведе пешачки зони во центарот на градот, во рамките на борбата против загадувањето. Anne Hidalgo во интервјуто за Journal de Dimanche наведува дека би можеле да се направат исклучоци за сопствениците на вакви автомобили со ниски примања на кои би им се овозможило само повремено користење на возилата.

Денес, замислете, дури 60% од жителите на Париз немаат автомобил, за разлика од 2001 година кога тој процент беше 40%. Во името на чистата животна средина и одржливиот развој, многумина се решаваат да користат јавен превоз, кој во Париз, мора да се признае, е на исклучително високо ниво.

Планот на Hidalgo вклучува и ограничување на бројот на туристички автобуси, како и забрана за камионите и воведување на електрични возила. Возењето по некои улици, како на пример Champs Elysees или Rue de Rivoli, кои станаа mobile casino „загадени кањони“, би можело да биде дозволено само со возила со ниска емисија на јаглерод диоксид. Според истражувањето на јавното мислење, 84% од парижаните ја смета борбата против загадувањето за приоритет број еден на градот, а 54% ја поддржуваат забраната за дизел возилата.

Дизел моторите имаат повисок степен на ефикасност во однос на бензинските и емитуваат помалку јаглерод диоксид, но од друга страна, пак, емитуваат повеќе други загадувачи кои според класификацијата на Светската здравствена организација (WHO) се канцерогени.

Испрати коментар

Scroll To Top