Насловна / Вести / Градежништвото бележи тренд на зголемување на активностите

Градежништвото бележи тренд на зголемување на активностите

gradeznistvo

Како што соопшти денеска Стопанската комора, градежништвото во последниве години бележи тренд на зголемување на активностите. Се зголемува учеството во БДП, се зголемува бројот на вработени. Во 2013 година имало вкупно 4.330 градежни компании кои вработувале околу 45.000 работници.

Според Стопанска комора, градежништвото со себе повлекува и други гранки, а тоа придонесува за нивен развој.

„Радува податокот дека градежништвото подолго време се ангажира во нискоградбата, речиси рамномерно низ целата држава, што беше наша заложба – на патот Смоквица-Демир Капија како дел од Коридорот 10, на автопатите од Миладиновци кон Штип и од Кичево кон Охрид. Ова е предноста што ја баравме, брз проток на стоки и услуги“, истакна денеска на прес-конференција Марија Петроска од Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Во 2008 година градежништвото во БДП учествуваше со 4,9 отсто, а лани се проценува учество од околу 7 отсто, посочи Петровска.

Изградбата на патната инфраструктура, напомена, ќе придонесе и за развој на руралниот туризам за кој во земјава постојат извонредни услови.

Испрати коментар

Scroll To Top