Насловна / Вести / Градежниот факултет одбележа 66 години од своето основање

Градежниот факултет одбележа 66 години од своето основање

gradezen 66 godini proslava (14)

По повод 66 години од основањето Градежниот факултет во Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, денеска додели 42 стипендии на студенти и ја објави најдобрата дипломска работа од областа на  челичните конструкции.gradezen 66 godini proslava (3)

Награден е дипломскиот труд „Проект за индустриска хала со повеќекатна администрација“ што го изработи  дипломираниот градежен инжинер Дамјан Денковски. Тој доби сертификат и парична награда во вредност од една просечна плата во компанијата „Факом“, која традиционално ја доделува наградата.gradezen 66 godini proslava (19)

Деканот на Градежниот факултет Дарко Мославац потсети на почетоците на факултетот и одржаниот прв наставен час на 6 октомври 1949 година на тогашниот технички факултет со два оддела, градежен и архитектонски, кои заедно со уште неколку  други факултети го  создадоа УКИМ. Денес, како што рече, организацијата на наставата на Градежниот  факултет е поделена на 14 катедри. На овој факултет дипломирале над  1.700 градежни  инжинери, 400 геодетски инжинери и над 100 геотехнички инжинери и други кадри, а се образувани и 189 магистри по градежништво, 55 магистри по геодезија и 93 доктори на наука.gradezen 66 godini proslava (16)

Министерт за транспорт и врски Владо Мисајловски  нагласи дека лицата кои стекнале образование на Градежниот факултет имаат голем удел во планирањето и изградбата на тековните градежни проекти на Владата. Кадрите од Градежниот факултет, порача, ќе бидат дел од реализацијата на идните инфраструктурни проекти. Моментно, како што рече, се работи на изградба на 156 километри нова автопатска мрежа  односно изградба на три нови автопати, а набрзо ќе почне реконструкција на неколку автопатски делници.gradezen 66 godini proslava (18)

Изградени се или во тек на градба се 560 километри регионални и магистрални патишта, апланирани за обнова и изградба се уште 200 километри. Реконструирани се 390 локални патишта во должина од 700 километри. Се работи и на изградба на нови пруги кон Бугарија и Албанија, а посветени сме и на станбената изградба, наведе Мисајловски.gradezen 66 godini proslava (13)

Имајќи ја предвид визијата на  оваа Влада да изгради квалитетна транспортна инфраструктура во Република Mакедонија, посочи Мисајловски, се јавува потребата од создавање нераскинлива врска меѓу државните институции кои работат на оваа проблематика и овој Факултет преку создавање квалитетни кадри.gradezen 66 godini proslava (24)

„Во таа насока би сакал да ги охрабрам сите студенти да вложат максимални напори и да ги совладаат знаењата  од оваа благородна дејност како би се вклучиле во создавање на просперитетна Македонија, рече министерот Мисајловски.

Капиталните проекти што се реализираат, истакна, се за директно поттикнување на  градежништвото кое учествува со 35 проценти од БДП и вработува над 40.000 работници.gradezen 66 godini proslava (7) gradezen 66 godini proslava (8) gradezen 66 godini proslava (11) gradezen 66 godini proslava (10) gradezen 66 godini proslava (9) KIR_0947

Испрати коментар

Scroll To Top