Насловна / Вести / Град Скопје ќе одбележи 52 години од катастрофалниот земјотрес

Град Скопје ќе одбележи 52 години од катастрофалниот земјотрес

zemjotres odbelezuvanjeto

Во недела (26 јули) во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќиња.

Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот,  на крводарителска акција  што традиционално ја  организира  Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.

Вечерта во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20.30 часот, градоначалникот Коце  Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе  ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“, соопштија од Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top