Насловна / Вести / Големо европско истражување: Кои автомобили се најквалитетни, а кои се највеќе на сервис?

Големо европско истражување: Кои автомобили се најквалитетни, а кои се највеќе на сервис?

Белгиската организација за заштита на потрошувачите Test Anakoop спровела големо европско истражување на квалитетот на автомобилите, во кое учествувале повеќе од 60.000 сопственици на возила во Белгија, Франција, Шпанија и Португалија. Притоа е утврдено дека најголем процент од проблемите  (17% од дефектите) се јавуваат на електричните и електронски склопови и функции, како што се акумулаторите, светлата, подигањето на прозорците и централните брави.

car1

 

Нешто помал број автомобили (13% од случаите) мораат на сервис бидејќи кочниците веќе не функционираат оптимално. На трето место се дефекти кај бензинските и дизел мотори. Lexus се автомобилите кои имаат најмалку проблеми. Имено, само 5% од возачите на овие автомобили морале да одат на сервис во текот на гарантниот рок поради дефект.

cars2

Lexus исто така ја предводи и листата на најсигурни автомобили во претходните две изданија на истото истражување (2020 и 2018 година). Toyota и повеќето други јапонски брендови се исто така во врвот. Најдобро рангиран Европеец е Seat, додека на дното на табелата се три многу скапи брендови: Jaguar, Land Rover и Tesla. Моделите со мотори со внатрешно согорување кои имаат најмногу проблеми се по правило дизел автомобилите.

car3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top