Насловна / Вести / Шише херцеговско вино стана хит на интернет заради содржината на етикетата

Шише херцеговско вино стана хит на интернет заради содржината на етикетата

Едно шише херцеговско вино објавено на Reddit, веднаш стана хит на социјалните мрежи заради несекојдневната содржина на етикетата. Имено, на етикетата на ова шише од виното Krš Crni на винаријата Škegro напишан е податок за бројот на сончеви часови на лозјето. „Со 2300 сончеви часови годишно, нашето грозје впило повеќе сонце отколку некој канцелариски работник во текот на целиот свој живот“, стои покрај останатите податоци истакнати на етикетата. Оваа фотографија е објавена на Reddit во подкатегоријата „ретки навреди“, со коментар „што и згрешиле канцелариските работници на оваа винарија?“. Подоцна фотографијата е повлечена од категоријата „реткки навреди“ бидејќи е утврдено дека написот на шишето никого не навредува.

krs2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top