Насловна / Вести / Големиот корален гребен мора да се заштити од индустријализацијата

Големиот корален гребен мора да се заштити од индустријализацијата

Golemiot koralen greben

Светската фондација за природата (WWF) објави извештај во кој е наведено дека испуштањето на отпадот од проширените заливи би можело да го загрози Големиот корален гребен. Оваа фондација наведува дека е потребно да се забрани собирање на отпадот во ова подрачје. Овој гребен веќе сега е загрозен со индустријализацијата, пред сè со ископот на јаглен, а ако се продолжи со овој тренд ќе биде претворен во голема депонија. Во извештајот се наведува дека со овие активности ќе се придонесе за изумирање на коралите и загрозување на животинските видови.

Corals (Corals); Great Barrier Reef Marine Park, Queensland, Australia
Големиот корален гребен се наоѓа во Австралија и е најголемиот корален гребен во светот. Се простира на над две илјади километри во должина, а може да се види и од вселената. Од 1981 год. се наоѓа на листата за заштита на светското наследство на УНЕСКО.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top