Насловна / Вести / Гласот на храбрите заштитнички на балканските реки се слушна и во Европскиот парламент

Гласот на храбрите заштитнички на балканските реки се слушна и во Европскиот парламент

Кога пред неколку години две групи храбри жени – една во Албанија, а друга во Босна и Херцеговина, одлучија да го подигнат својот глас, но и физички преку жив штит да го оневозможат градењето на мали хидроцентрали, односно да ги заштитат своите реки, веројатно тие не ни сонувале дека еден ден токму таа нивна борба ќе ги одведе до Европскиот парламент. Имено, на покана од WWF и Нордиската зелена левица, претставниците на овие граѓански иницијативи зборуваа пред Европскиот парламент, на конференцијата „Да ги спасиме реките на Балканот“

Случаите на изградба на мали хидроцентрали на Валбона во Албанија, и Крушчица во БиХ, се примери на системско уништување на водното богатство на Балканот, за лесна заработувачка и приватен интерес како единствена цел. Приказната за Валбона, почна пред неколку години, кога јавноста дозна за плановите за изградба на 14 хидроцентрали долж оваа река, од кои три во национален парк. По нетранспарентните јавни расправи, локалното население одлучува својата борба да ја продолжи преку протести и по судски пат. И покрај судската одлука во полза на заштитата на природата, борбата сеуште трае. Од друга страна, случувањата на реката Крушчица во БиХ, се резултат на посветеноста и упорноста на локалните жители. Во летото 2017 година, кога работниците се обиделе со багери да започнат со градежните работи, група жени со жив ѕид го блокирала мостот, и го спречува изведувањето на работите. И покрај тоа што   издејствувале стопитање на градбата, и натаму продолжуваат со својата борба за заштита на реката,  барајќи ревизија на постапките сите досега издадени дозволи за изградба на мали хидроцентрали во областа.

dav

sdr

balkan3

balkan4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top