Насловна / Арт и дизајн / Гламурозен руски стан во современ дух

Гламурозен руски стан во современ дух

Познататата руска дизајнерка Екатерина Лашманова имала слободни раце во опремувањето на овој простран стан во центарот на Москва. За еден млад пар со дете, Лашманова осмислила ентериер со силен визуелен контраст, смели комбинации на бои и луксузни парчиња на мебел и детали кои го прават целиот простор да делува раскошно и топло.русија_13

Дневниот престој со големата висина на таванот и огромните отвори од подот до таванот се искористени за да му дадат на станот луксузна нота.русија_16

Класично дизајнираниот мебел со освежувачката колоритна палета на бои му дава „пош“ изглед на просторот, додека централно поставената златна маса Wave на Boca do Lobo внесе во овој простор еден софистициран и современ изглед.русија_15

Валерот од сини тонови со нежните крем нијанси се во совршена хармонија со геометриските плочки на подот, но и со златните детали на светлечките тела.русија_14

Раскошната дрвена врата во црна боја, која ја дели дневната соба од кујната, му дава на станот прекрасен изглед.

Од мебел до завеса – сè во овој стан е правено по мерка за да ги задоволи високите естетски стандарди.русија_12

Нежните бои преовладуваат со спалната соба во која доминира високо тапацираниот кревет, раскошниот лустер но и драпериите кои со својата „валкана“ розова боја дополнително ја затоплуваат атмосфера.

Во рамките на спалната соба креиран е и дневен блок со софа која нуди поглед на центарот на Москва.русија_11

Детската соба, исто така, е направена во нежна колоритна палета, а најдоминантен  е наслонот на креветот што се протега се до плафонот.русија_10

Гламурозната бања со своите смели розови орманчиња и art nouveau златното огледало му даваат на просторот фанки изглед.русија_09

Големо внимание е посветено и на ходникот. Него го красат плакари во боја на месо, кои по потреба ги скриваат и откриваат тоалетот и гардеробите.русија_06 русија_07 русија_05 русија_01 русија_02 русија_03 русија_04 русија_08

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top