Насловна / Арт и дизајн / Ѓорѓе Јовановиќ со „Чоколадни капки“ во Виена

Ѓорѓе Јовановиќ со „Чоколадни капки“ во Виена

Во галеријата „Hoast“ во Виена, отворена е самостојна изложба „Чоколадни капки“ на македонскиот ликовен уметник Ѓорѓе Јовановиќ.jовановиќ

На изложбата, Јовановиќ се претставува со селекција на колажи, цртежи, слики и видеа што тој ги работел во изминативе десетина години, а во чиј фокус се политичките и социјалните премрежија во Mакедонија како и положбата на уметникот во услови на економска нестабилност.

Јовановиќ учествуваше со свои дека и на групната изложба во галеријата „Ротор“ , во Грац Австрија, насловена „Герила на просветителството – Тие не би требале да се преправаат дека не знаеле ништо“, на која со свои дела од циклусот „Изуми за вас прекрасни луѓе“.Други учесници на оваа интернационална изложба се уметниците: Лукас Бек, Баби Бадалов, Петра Гершнер, Манаф Халбуни / ОскарХР, Мартин Крен, Кристина Лукас, Чаба Немес, Рена Радле и Владан Јеремиќ, РИСОГРАД, Мартин Зет.
Куратори на изложбата се Маргарете Марковец и Антон Ледерер.

Оваа изложба го означува почетокот на подолгорочната серија на изложби во чиј фокус се уметничките позиции кои се застапуваат за разновидноста во општеството и се против актуелните нелиберални тенденции – во Австрија, Европа и пошироко.

Испрати коментар

Scroll To Top