Насловна / Вести / Германски „Фрапорт“ ги презема грчките аеродроми

Германски „Фрапорт“ ги презема грчките аеродроми

Грција потпиша договор вреден 1,23 милијарди евра со конзорциумот кој го предводи германски „Фрапорт“ за концесија на 14 регионални аеродроми во наредните 40 години.AIA

„Фрапорт“ и неговиот грчки партнер „Копелузос Груп“, соопштија дека договорот ќе стапи на сила во есен 2016 година, кога конзорциумот ќе плати надомест за концесија и ќе ги преземе аеродромите.

Приватизацијата на аеродромите и останатиот имот е предвидена со договорот со европските кредитори од кои Грција доби трет пакeт на финансиска помош.

Со концесијата се опфатени аеродромите во Солун, Кавала, Ханија, како и на Миконос, Санторини, Родос, Крф, Закинтос, Кефалонија, Кос, Лезбос, Скијатос, Самос и Лефкада.

Испрати коментар

Scroll To Top