Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Германската „Крас Капитал Груп“ ќе инсталира фотоволтаични панели во Кочани

Германската „Крас Капитал Груп“ ќе инсталира фотоволтаични панели во Кочани

paneli
Германската компанија „Крас Капитал Груп“ ќе инсталира фотоволтаични панели на повеќе локации во општина Кочани со цел од сонцето да произведува 20 мегавати електрична енергија.

– За време на посетата тие ги скенираа географските и други природни погодности на поднебјето особено на Осоговијата каде што и сончевите зраци се постојани од утро до навечер, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.

Димитровски нагласи дека општината ќе направи се и оваа германска инвестиција да биде ефектуирана. Во општината Кочани фотоволтаични панели има поставено на фирмата „Европа 92“, како и во атарите на селата Спанчево и Долни Подлог.

Испрати коментар

Scroll To Top