Во Германија се поголем број на новоизградени станбени објекти користи топлински пумпи за греење. Според податоците на германскиот Сојузен завод за статистика (Destatis), во текот на 2024 година завршена е изградбата на околу 76.000 станбени објекти, а повеќе од една третина од нив (69,4 %) користат топлински пумпи како примарен извор за енергија за греење.

Во споредба со 2023 година, уделот на објектите кои се грејат со топлински пумпи пораснал за околу 5 процентни поени, додека во однос на 2014 година, е повеќе од двојно зголемен. Ваквиот систем почесто се користи во објекти со помала катност. Како топлински извор за топлинската пумпа најчесто е застапена геотермалната енергија. Топлинската енергија е најчесто употребуваната опција за греење со обновливи извори. Во изминатиот период драстично е намалена употребата на природниот гас како енергент. Сличен тренд во користењето на обновливите извори за греење се забележува и во фазата на планирање. Од околу 54.800 станбени единици кои добиле градежна дозвола во 2024 година, дури 84,8% е предвидено да се затоплуваат со обновливи извори на енергија.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија