Насловна / Вести / Германија формира фонд за затворeните нуклеарки

Германија формира фонд за затворeните нуклеарки

Nuklearki germanija

Германската влада одлучи да формира фонд во кој производителите на електрична енергија од нуклеарки треба да уплатат 17 милијарди евра со цел обезбедување средства за долгорочно третирање на затворените нуклеарни централи. Главната причина за формирањето на овој фонд е одлуката за откажување од нуклеарната енергија до 2022 година.

Nuklearki fond
Интерниот документ од Министерството за стопанство и заштита на животната средина, наведува дека четирите главни производители на електрична енергија од нуклеарни централи во фондот ќе мора да уплатат 17 милијарди евра на рати, а дополнителни 19 милијарди евра да обезбедат преку снабдувањето со електрична енергија.

E.ON, RWE, EnBW и шведскиот  Vattenfall така ќе мораат да издвојат вкупно 36 милијарди евра за затворање на нуклеарките и згрижување на отпадот, пренесува  Croenergo.

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top