Насловна / Архитектура / Геометрија на железница апстрахирана на фасада на центарот Ванке

Геометрија на железница апстрахирана на фасада на центарот Ванке

1

Оваа двокатна зграда со широк спектар на станбени и комерцијални простори за закуп и купување, се наоѓа во непосредна близина на Јужната железничка станица Нанџинг во Кина и е дизајнирана од Spark architects со идеја за амбициозен развој од мешана употреба.

2 3 4

Замислена како апстрахиран одраз на геометријата на железничката пруга, структурата е обликувана со функционални и концептуални размислувања дека пред се ги искористува предностите на локацијата одма до раздвижената железничка станица.

5 6 7

Повлечените фасадни површини и линии на светлината компонираат континуитет на флиуден и динамичен простор кој ја отсликува динамиката на соседниот возен премин. Голем LED екран е поставен на клучна локација, видлив од патот од каде вртат возилата и железничкиот сообраќај.

8 9 10

Надворешната фасада на Продажната галерија на градскиот центар Ванке е формирана од две кожи од перфориран алуминиум кој има еден суптилен момент на маркантно финиширана површина која е контрадикторна со природните бои на ентериерот, каде што се повлечените и перфорираните површини и органските бои на завршните површини.

12
Продажната галерија е доказ за постојаниот стремеж на овој трговски центар да го редефинира нивото на квалитет и искуство дадена на посетителот кој е вовлечен во карактеристиките на просторот со мешовита употреба во оваа градска област.

13 11

Испрати коментар

Scroll To Top