Насловна / Арт и дизајн / Генијален часовник зад кој буквално стои човек

Генијален часовник зад кој буквално стои човек

Досегашниот часовник на аеродромот во Амстердам е заменет со предимензиониран Real Time часовник чиишто стрелки во реално време ги црта човек, или така се чини.генијален часовник аеродром амстердам_4

Амстердамскиот аеродром Schiphol доби брилијантна и генијална атракција. Познатиот холандски дизајнер и уметник Maarten Baas осмисли и креира предимензиониран часовник The Real Time Schiphol Clock, кој го замени поранешниот класичен, а кој се наоѓа во зоната на чекање 2.генијален часовник аеродром амстердам

Поточно, овој интересен концепт за часовник нема физички стрелки, туку нив во реално време ги оцртува човекот што се наоѓа во заднина на кубусот од висечкиот часовник.

Од неговата силуета може да се види дека е облечен во сино работно одело, и има канта со црвена кофа и жолт сунѓер за бришење на површината на која ги црта стрелките на часовникот.генијален часовник аеродром амстердам_2

Ако мислевте дека се работи за вистински човек, не е, туку се работи за фантастично направена видео анимација во траење, се разбира, од 12 часа, што се вртат во loop.генијален часовник аеродром амстердам_3

Не треба да се спомене дека овој проект на почитуваниот уметник ги воодушеви сите што биле на аеродромот, но исто така и оние што ја следат неговата работа подолго време.генијален часовник аеродром амстердам_1

Испрати коментар

Scroll To Top