Погледите на генерацијата Z и Y, на тема мобилност, се различни во споредба со постоечката пракса. Нив повеќе не им е важно да поседуваат возило, бидејќи новите модели на транспорт, но и финансирање, им отвораат можности за флексибилно и независно користење на истото без превземање на долгорочни обврски.

Традиционалната продажба на автомобили, било да се плаќа во готово или се финансира со долгорочни кредити, ги достигнува своите граници за многу млади луѓе и станува се помалку атрактивна за оваа група луѓе. Високите трошоци за набавка, амортизацијата и сл., тешко се интегрираат со начинот на живот кој се карактеризира со висока професионална флексибилност и географска независност. Според тоа, поседувањето автомобил може да се перцепира повеќе како товар отколку како слобода. Тоа станува атрактивно единствено во услови на флексибилно финансирање. Наспроти тоа, генерациите Z и Y се особено заинтересирани за делење на автомобил, модели за изнајмување и слични платформи. Дигиталниот и достапен пристап до индивидуална мобилност на барање, често ја заменува желбата за сопствен автомобил.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија