Насловна / Вести / Гасификација на скопскиот регион

Гасификација на скопскиот регион

gasifikacija skopje_2

  Проектот за гасификација на скопскиот регион денеска беше претставен пред компаниите членки на Стопанската комора на Македонија, од страна на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Во своето обраќање до стопанствениците тој истакна дека голем број компании во изминатиот период пројавиле интерес за влегување во партнерство со државата при реализацијата на проектот. Сепак, финалните понуди тие ќе треба да ги достават до крајот на мај годинава. Концесијата за проектирање, финансирање, изградба, одржување и развивање на дистрибутивната мрежа ќе трае 20 години, по што инфраструктурните објекти треба да преминат во сопственост на државата. Во согласност со предвидената динамика, договорот за воспоставување на јавно – приватно партнерство би требало да се потпише до крајот на годинава.

 „Очекувам дека ќе има поголем број компании кои ќе достават апликации за да се квалификуваат во вториот круг, што би значело најголем дел од нив да дадат финансиска понуда“, изјави министерот Јанакиески. Концесионерот ќе треба да изгради 70 проценти од дистрибутивната мрежа во сите 17 скопски општини, при што вкупната должина на примарната инфраструктура ќе биде речиси 250 километри. Висината на вложувањето во овој обемен зафат ќе изнесува околу 100 милиони евра, а почетните инвестиции би започнале веднаш по потпишувањето на договорот со најповолниот понудувач.

 

Испрати коментар

Scroll To Top