Насловна / Архитектура / “Garden Tree House” од архитектонското студио Hironaka Ogawa Associates

“Garden Tree House” од архитектонското студио Hironaka Ogawa Associates

Garden Tree House (8)
ОбјектотGarden Tree House претставува минимален дом, изграден како екстензија на веќе постоечкиот објект стар 35 години. Во целокупниот концепт на проектот карактеристичен е сензитивниот пристап и третирање на две дрвја од специфичен тип, кои претставувале составен дел од дворната површина, како и од веќе постоечкиот објект. Дрвјата, перципирани како значајни артефакти чие присуство буди најразлични сеќавања, наместо целосно да се отстранат, архитектот Hironaka Ogawa доаѓа до идеја да ги интегрира во внатрешноста на новиот објект. Така, по нивното сушење и преработка се искористуваат како главни структурални столбови за дневната соба, кујната и трпезаријата. И за приземјето и за поткровјето, дрвјата претставуваат визуелна фокална точка и доминираат над останатите органско обликувани елементи, како вечна скулптура која придонесува за создавање на природна, топла, пријатна атмосфера во внатрешноста.
Garden Tree House (6) Garden Tree House (5) Garden Tree House (3) Garden Tree House (2)
Garden Tree House (7) Garden Tree House (4) Garden Tree House (1)

Испрати коментар

Scroll To Top