Насловна / Вести / „Фризерка“ на Пикасо пронајдена во поштенска пратка од 30 долари

„Фризерка“ на Пикасо пронајдена во поштенска пратка од 30 долари

pikaso frizerka

Сликата на Пабло Пикасо насловена „Фризерка“, која исчезнала во 2001 година, пронајдена е во САД, каде од Белгија е испратена како поштенска пратка во вреднсот од 30 долари, соопштило правосудството во САД.

Сликата од 1911 година е во сопственост на Владата на Франција, а исчезна пред 13 години од Културниот центар Жорж Помпиду во Париз.

„Фризерка“ на 17 декември 2014 година била испратена од Белгија за САД, како поштенска пратка во вредност од 30 долари, изјавила тужителката од Бруклин, Лорета Линч. Ова дело на Пикасо сега се чува во еден климатизиран простор во Бруклин, навеле оттаму.

Димензиите на сликата се 33 на 46 сантиметри, а ја забележале американските цариници.

– Сликата е конфискувана во САД. Тоа ќе ја спаси од црниот пазар со уметнички дела за да може да им биде вратен на сопствениците – изјавила Линч.

Кражбата на сликата е утврдена во 2001 година кога Културниот центар „Жорж Помпиду“ имал намера да ја позајми. Тогаш било утврдено дека сликата ја нема во магацинот.

Испрати коментар

Scroll To Top