Насловна / Архитектура / Френк Лојд Рајт е светско наследство на УНЕСКО

Френк Лојд Рајт е светско наследство на УНЕСКО

Осум објекти на славниот архитект Френк Лојд Рајт (8 јуни, 1867 – 9 април, 1959) се додадени на листата на светско наследство на УНЕСКО, издигнувајќи ги на исто ниво со Мачу Пикчу, Пирамидите во Гиза, Кинескиот ѕид и останати вредни градби за историјата на светот.

960px-Hollyhock_House_pool

Hollyhock House во Лос Анџелес (1918- 1922)

Новите дополнувања на листата беа објавени во неделата во Баку, Азербејџан на годишната конференција на УНЕСКО .
„Секоја од овие згради нуди иновативни решенија за домување, богослужба, работа или одмор”, наведуваат членовите на Комитетот за светско наследство во соопштението најавувајќи го назначувањето и додавајќи дека „работата на Рајт имаше силно влијание врз развојот на модерната архитектура во Европа”.
„Архитектура на 20. век на Френк Лојд Рајт“, опфаќа осум препознатливи објекти на различни локации и пејзажи во САД кои му послужоле како инспирација.

фалинг

Fallingwater во Пенсилванија (1936-1939)

Тоа се домовите Fallingwater во Пенсилванија (1936-1939), Hollyhock House во Лос Анџелес (1918- 1922), Robie House во Чикаго (1910) и куќата Jacobs House, Медисон во Висконсин (1936-1937), местата кои служеле како негови приватни резиденции и каде е сместена и архитектонската школа – Taliesin in Spring Green во Висконсин (1911) и Taliesin West во Аризона (1938). Вклучени се и јавни објекти кои ја збогатуваат неговата кариера: Храмот Unity , изграден помеѓу 1906 и 1908 година во Оук Парк, Ill и Solomon R. Guggenheim Museum во Њујорк, кој беше завршен во 1959 година.

роби

Robie House во Чикаго (1910)

џекобс

Jacobs House, Медисон во Висконсин (1936-1937)

Организацијата за заштита на објектите на Френк Лојд Рајт, која работи на зачувување на 400 објекти проектирани од Рајт, започна со процесот на номинација пред повеќе од 15 години, по предлог на Меѓународниот совет за споменици и локалитети, кој го советува УНЕСКО. „Френк Лојд Рајт помогна да се дефинира модерната архитектура во САД. Сега, откако осум од неговите најпознати објекти се светско наследство на УНЕСКО , тој ќе помогне да се дефинира архитектурата за светот“.

гуг1

Guggenheim Museum во Њујорк

унити

Unity , изграден помеѓу 1906 и 1908 година во Оук Парк

„Овие објекти се најдобри од најдобрите и кои не би посакал да бидат дел од тој клуб”, вели Линда Вагонер, поранешен директор на организацијата Fallingwater, која ја предводеше соработката меѓу поддржувачите на Рајт и научниците да ги предадат зградите за преглед . „Тие го чуваат она што се нарекува” извонредна универзална вредност “на УНЕСКО, која ги надминува националните граници и е важна за целото човештво”.

талисен-спринг

Taliesin in Spring Green во Висконсин (1911)

талисен-вест

Taliesin West во Аризона (1938)

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top