Насловна / Вести / Француско – португалски сојуз за ветерна енергија

Француско – португалски сојуз за ветерна енергија

Францускиот енергетски гигант Engie, и компанијата EDP Renováveis, подружница на португалската електроенергетска групација EDP задолжена за обновливи извори, најавија основање на заедничка компанија за развој на проекти за офшор ветерни електрани. Новоформираната компанија ќе се вика Ocean Winds (OW), a идејата за нејзиното основање се појавила во 2019 година.  Компанијата ќе служи како т.н посебен инвестициски субјект на глобалниот ветроенергетски пазар.

Вкупната инсталирана моќност на ветроенергетските проекти кои ги развиваат двете компании изнесува дури 5,5 GW, од кои 1,5 GW се проекти чија реализација е во тек. Подрачјата на кои би делувала новата OW се Европа, САД и одредени делови на Азија.  Со овој нов процес на спојување и превземање на светскиот пазар на ветерна енергија би требало да се создаде една од петте најголеми светски компании за развој и управување со офшор ветерните електрани. Седиштето на OW би требало да биде во Мадрид, а во почетокот ќе вработува 200 луѓе.

ow1

ow2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top