Насловна / Вести / Која ќе биде новата Европска зелена престолнина?

Која ќе биде новата Европска зелена престолнина?

Престижната титула „Европска зелена престолнина“ секоја година се доделува на еден од европските градови со повеќе од 100 илјади жители, поради неговата посветеност кон одржливоста.  Исто така, во подготовка е и доделувањето на „Европската награда зелен лист 2022“  за  помалите градови кои имаат помеѓу 20 илјади и 100 илјади жители.  Европската комисија ќе додели награда во износ од 600 илјади евра на градот кој ќе ја освои титулата “Европска зелена престолнина 2023“ и 200 илјади евра за највеќе два града за „Европската награда зелен лист 2022“. Титулата „Европска зелена престолнина“ носи бројни придобивки, почнувајќи од поголемиот фокус на еколошки проекти, раст во туризмот и странските инвестиции, зајакнување на локалната економија и помош во создавањето на нови работни места.  Победничките градови, како и оние кои ќе влезат во потесен избор, имаат и пристап до Европската мрежана зелен капитал, која им пружа поддршка и платформа за размена на знаења и добри практики. Покрај сето наведено, претходните апликанти сметаат дека самиот процес на пријавување се покажал корисен во проценката на нивниот напредок и планови, како и споредување со другите учесници. Пријавите се затвораат на 28-ми октомври.

egc1

egc2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top