Насловна / Вести / Франција: Со помош на вештачка интелигенција, откриени илјадници непријавени базени

Франција: Со помош на вештачка интелигенција, откриени илјадници непријавени базени

Властите во Франција, со користење на вештачка интелигенција пронашле неколку илјади приватни базени кои не биле евидентирани во системот за оданочување. Сопствениците на овие базени ќе платат даноци во вкупен износ од 10 милиони евра.  Компаниите Google и Capgemini го развиле овој систем на вештачка интелигенција, со помош на кој е можно да се лоцираат базените. Системот почнал експерментално да се користи минатата година, и до денес се пронајдени 20.356 базени.

undeclared1

Сите градежни промени на одреден имот, што се однесува и на изградбата на базени, мора да се пријават во даночната управа во рок од 90 дена од завршувањето на изградбата. Данокот на имот е повисок за оние кои имаат базен. Се најавува дека споменатата технологија ќе се применува и за пронаоѓање на друг вид непријавен имот. Системот појавува и одредени грешки при идентификацијаата, но технологијата постојано се усовршува.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top