Насловна / Вести / Франција и Германија лидери по растот на инвестиции во комерцијални недвижности

Франција и Германија лидери по растот на инвестиции во комерцијални недвижности

Komercijalna nedviznost holandija
Растот на инвестиции во комерцијални недвижности во Европа во првата половина од годинава главно бил обезбеден од Франција и Германија, а свој влог имаат и Холандија, Шведска и Шпанија, се вели во извештајот на меѓународната консалтинг компанија CBRE.

Вкупниот обем на инвестиции во комерцијални недвижности според резултатите од полугодието достигна 84 милијарди евра. Една година пред тоа тој беше 67 милијарди евра.

Во Франција вкупниот обем на инвестиции за полугодиeтo достигна 11.1 милијарда евра, што е за 84 проценти повеќе во споредба со првото полугодие од 2013 година. Во Германија обемот е околу 17 милијарди евра.

Освен ова, во првото полугодие од годинава беше регистриран значаен раст на на активностите на САД, забележуваат експеrтите. Сумата на зделките склучени со нив е околу 11,5 милијарди евра, во споредба со 6,3 милијарди евра една година порано. Главниот дел од тие инвестиции е во Велика Британија (36%), Германија (23%) и Франција (17%).

Испрати коментар

Scroll To Top