Насловна / Вести / Foster + Partners вработиле робот кој врши надзор на нивни објект (видео)

Foster + Partners вработиле робот кој врши надзор на нивни објект (видео)

Реномираната архитектонска фирма Foster + Partners одлучила за надзор на својот проект Battersea Roof Gardens во изведбата да ангажира робот наречен Spot, дизајниран од компанијата Boston Dynamics.

1_resize

Оваа машина со четири нозе, која може да се движи нагоре и надолу по скали, како и преку нерамен терен, ја скенира локацијата, прави фотографии од 360 степени и сето тоа го бележи во онлајн дневник, создавајќи дигитална архива за проектот во реално време.

За да се дојде до ваков иновативен начин на работа, архитектонската фирма Applied Research + Development group, во соработка со американската инженерска фирма Boston Dynamics, истражувала како робот како Spot може да се користи во контекст на градежништвото. Резултатот од нивната работа го креирал Спот, кој се контролира од далечина и кој секогаш ја следи дадената мапирана рута. Благодарение на своите „нозе“, Спот лесно може да се справи со нерамен терен, па и да истражува места кои можат да бидат недостапни или небезбедни за движење на луѓето. Покрај тоа, „Спот“ може да носи и дополнителна тежина од 14 килограми.

2_resize

Надзор еднаш неделно

Како што велат од Foster + Partners за надзор на нивниот објект, роботот е програмиран да ја надгледува изградбата во различни фази, што е многу корисно кога различни тимови на изведувачи работа на лице место. Spot доаѓа на локацијата на неделно ниво и ја следи својата рута со цел да изврши ново скенирање.

3_resize

„Способноста на Spot во континуитет и без напор да извршува рутински скенирања во опкружување кое постојано се менува е непроценлива, не само во поглед на конзистентност, туку и поради големата количина собрани висококвалитетни податоци. На овој начин ни е олеснето редовното споредување со моделот БИМ “, вели Martha Tsigkari, партнерка во Foster + Partners. На овој начин, покрај тоа што работата на сите тимови е поефикасна, доаѓа и до значителна заштеда на време и пари.

Ревитализација на термоелектрана

Battersea Roof Gardens, проектот на кој е надзор Spot, е дел од проектот за реконструкција на термоелектраната Battersea во Лондон, која во иднина ќе биде со мешовита намена и ќе вклучува апартмани, хотел со infinity базен и седиштето на компанијата Apple во Лондон.

4_resize

Battersea Roof Gardens претставува дел од третата фаза на реконструкција и покрај станбениот дел, ќе содржи и градина долга 250 метри со поглед на Темза. На ова, Foster + Partners соработуваат со архитектонската пракса на Френк Гери.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top